Хотелот Цар Самоил во село Банско, Струмица е всушност легитимен наследник на римската терма. Ова термално лекувалиште во континуитет се употребува во период од 2400 години. Се состои од пет термални извори кои се наоѓаат во подножјето на планината Беласица и нивниот капацитет не е намален се до денес. Интересен факт е дека температурата на водата во изворот не се менува во текот на годината, што докажува дека потекнува од голема длабочина и не е под влијание на атмосферски влијанија. Температурата на водата во изворите е на околу 71 степен целзиус, и е еден од најтоплите извори во регионот. Како локација, објектот е лесно пристапен од сите страни на нашата држава. Се наоѓа на надморска височина од 270 метри, и сместен е 12 км југоисточно од Струмица, а од самиот објект има прекрасен поглед кон Струмичката котлина, а од другата страна има поглед кон густата шума на Беласица.
Ценовник 2025
| Тип на соба | Ноќевање со појадок | Полу пансион | Полн пансион |
| Еднокреветна супериор(без тераса) | 3.990 мкд | 4.620 мкд | 5.200 мкд |
| Еднокреветна соба(со тераса) | 4.550 мкд | 4.920 мкд | 5.750 мкд |
| Двокреветна супериор(со тераса) | 6.100 мкд | 7.300 мкд | 8.430 мкд |
| Апартман декукс суит за 3 лица | 9.320 мкд | 11.130 мкд | 12.815 мкд |




















































