Хотел “Golden Beach” – Метаморфозис

7 Дена

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.

Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба), 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата. 

  • Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
  • Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса 

10% early booking до 01.02.2026, со 50% уплата и доплата 15 дена пред поаѓање.

ПОЛУПАНСИОННОЌИ1/3 1/3 1/41/41/5
ТЕРМИН ПриземјеСтандардСтудиоАпартманАпартман
23.057250260315335365
30.057270310355380410
06.067325345405430460
13.067355390460485515
20.067390425485505535
27.067430450510535570
04.077470485565585620
11.077510545595620660
18.077510545595620660
25.077510545595620660
01.087510545595620660
08.087510545595620660
15.087510545595620660
22.087480520570590620
29.087415455485505545
05.097370390450470515
12.097305325390410460
19.097275290335355380

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ: 

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот; 

Попусти за рана уплата:

  • Попустот за рана уплата од 10% важи за резервации направени до 01.02.2026; со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата до 15 дена пред поаѓање;

НАПОМЕНА:

  • Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќевања; 
  • Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, и едно дете кое нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години. 
  • Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
  • Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО 
  • Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО 
  • Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената 
  • Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плакаат по 20% од цената за возрасен 
  • Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО 
  • Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО 
  • Втора, трета, четврта и петта возрасена особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице; 
  • Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот; 
  • Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот; 
  • Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба; 
  • Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време; 
  • За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции); 
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари; 

Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:

  • возрасни: 50 € (еден правец 40 €) 
  • деца од 2 до 12 години: 40 € (еден правец 35 €) 
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус); 

Важат Општите услови за патување на ДАМА ТРАВЕЛ и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
Дама Травел Ви посакува пријатен одмор.

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Хотел “Golden Beach” – Метаморфозис