БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА – Велигден

4 Дена

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

ПРОМО ЦЕНА: 149ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 85 ЕВРА! (факултативите се плаќаат во автобус)

РЕДОВНА ЦЕНА: 185 евра

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра  

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

–           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место 

–          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ 

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА – Велигден
Од 9238ден
/ Возрасни