Вила URANIA – Парга

7 Дена

Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата  Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.

Вилата “URANIA“- СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД МОРЕ, лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Лоцирана е веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред и тв и тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. Во близина на вилата има и паркинг со доплата.

Во апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со
претходно одобрување и “доплата” од 10 евра од ноќ,може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.

ЦЕНИТЕ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 и 9 НОЌИ

ИМА ПАРКИНГ, КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI Е БЕСПЛАТНО

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 70 € за возрасни – повратна карта
  • 50€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
    20 € за прв ред на седиште;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
ГрадМесто на тргнувањеВреме
КумановоБензинска пумпа Макпетрол00:15 часот наутро
СкопјеСпроти Хотел Бристол паркинг01:30 часот наутро
ВелесМотел Македонија бенз.Мак.Оил02:00 часот наутро
КочаниОсновен Суд00:30 часот наутро
ШтипНова Пошта01:30 часот наутро
НеготиноБензинска пумпа Макпетрол02:30 часот наутро
ГевгелијаБензинска пумпа Окта-Шимов03:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
ПрилепБензинска пумпа Лукоил01:30 часот наутро
БитолаСпортска сала00:30 часот наутро
  • – Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
    – Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
    – Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
    – За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
    – Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
    – Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
    – Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
    – Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
    – Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
    – Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
    – Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
    – Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
  • АПАРТМАНИТЕ:
    Имаат крпи;
    Имаат тоалетна хартија и сапун

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Вила URANIA – Парга