БУДВА – бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус.
ТРЕБИЊЕ – првиот ден од Новата година поминете го во градот на сонцето, виното и херцеговачкото гостопримство. Камените улици на Стариот град, шармантните плоштади и опуштената празнична атмосфера го прават Требиње идеално место за бегство од секојдневниот живот. Започнете ја Новата година во град кој плени со својата топлина, автентичност и медитерански дух.
ТИВАТ – Познат по својата живописна крајбрежна линија, историскиот шарм и растечкиот луксузен туризам. Овој волшебен крајбрежен град им нуди на посетителите совршена мешавина од традиционалното наследство и модерната софистицираност.
КОТОР – Прошетајте низ тврдината и нејзините камени улички, фотографирајте палати и средновековни цркви, запознајте се со животот на морнарите, ѕирнете во морскиот свет на Јадранското Море, вдишете го секојдневниот живот на топлите луѓе и впијте ги вкусовите на црногорската кујна.
ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари) за приватно сместување
145 евра (8.950 денари) за сместување во хотел 3*
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребно е важечка бометриска лична карта или биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот


