Крит за 24 Мај

9 Дена

КРИТ спаѓа во едно од најубавите Грчки острови. Пределите варираат од соголени сртови до бујни планински шуми и рајски песочни плажи. КРИТ е колевка на Европа, овде е создадена Миноанската култура, првата високоразвиена цивилизација на Западниот свет. Миноанскаста култура е од бронзеното време, од 2600 до 1150 година п.н.е. Напредна цивилизација во секој поглед, која имаше и своја морнарица. Римјаните владееле со островот од 69. година п.н.е. до 330. година, додека спојот на нивното владеење и Византиската култура го збогати културно-историското наследство на ова острово, денес претставено во споменици и мозаици ширум светот…Овој остров, настанат како последица на поместувањето на тлото, покрај туризмот – познат е и по производство на вино, маслини и маслиново масло, суво и свежо грозје, портокали…островот е долг 260 километри и широко од 12 до 60 километри, додека обалата му е долга 1050 километри, се протега на 8336 км2 и има околу 630.000 жители. За Крит се поврзани многу Грчки митови, еден од најпознатите е митот за Минос, кралот на Крит кој одбил да жртвува бик на боговите. Посејдон потоа направи да неговата жена се заљуби во бик, од што се створил митскиот звер Минотаур…на Крит се наоѓа пештерата Идеон Андрон, во која – како се верува се родил Зевс…таму – според легендата, неговата мајка Реа го криела од неговиот татко Кронос, кој сите други деца ги јадел – со цел никој да не стане негов наследник…

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 24.120,00 денари (389 €) – за ЦЕЛОСНА уплата до 15.04.2026 !!!

27.220,00 денари (439 €) – редовна цена

НАПОМЕНА : За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови 

Можете да ги испратите на вашите барања преку формата подолу.

Крит за 24 Мај
Од 24120ден
/ Возрасни