ПРОМО ЦЕНА до 10.11.27=10400ден., редовна цена 11400 ден.
Напомена: За факултативите потребна е пријава на 50%од патниците.
Поаѓање пред агенција во 17 ч.,ноќно возење низ Грција со попатни паузи.
Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите,па се разгледува Истанбул. Разгледување на центарот на градот со локален водич: Хиподромот, Плавата џамија со влез, Аја Софија, Топкапи музејот со влез во двор…Слободно време за шопинг во Капали и Аксарај Чаршија. Вечерта факултативно, дочек на новата 2027 на плоштад во Кумкапи или во некој од рестораните во Кумкапи. Ноќевање.
Појадок. факултативна посета со локален водич на: Цариградската Патријаршија(со влез), боемскиот кварт Балат-со стари дрвени куќи во разни бои, со шармантни кафе барови. Потоа, посета на Азискиот дел-Чамлиџе, со неверојатен поглед на Истанбул, каде може да се вкуси традиционален пијалок-Салеп. Вечерта можност за вечера во ресторанот ГАР со програма со танчери и танчерки и вечера со богато мени со пијалок.Ноќевање.
Појадок. Во придружба на локален водич, факултативно крстарење со брод по Босфорот: од Златниот рог, Галата мостот, покрај Галата кулата се продолжува со бродот покрај Долма Бахче палатата,а покрај брегот на Босфорот ќе се видат прекрасни палати, кули, вили.Потоа се оди на факултативна посета на Сефир сеир тераса-највисоката кула од каде на најгорен спрат има кино со 4Д-анимација, се прави виртуелен разглед со хелихоптер на Истанбул.Слободно време во центарот на Истанбул-Лалели. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на хотелот, преку мостот Галата, покрај стадионот на Бешикташ се оди на плоштадот Таксим кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници, ресторани…во продолжение по улицата Истиклал долга скоро 2 км,каде од сите страни се наоѓаат продавници,кафулиња,ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула.Слободно време за прошетки и уживање..Потоа посета на најпознатата продавница Коска за алва, баклава, локуми..и на крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум. Поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
Во цената е вклученo:
- автобуски превоз на дадената релација
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул
- панорамско разгледување на Истанбул со локален водич
- посета на Таксим, Кумкапи, Коска и Форум.
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклученo:
- патничко здравствено осигурување-300 ден. до 65г., 400ден. 65-70год.
- факултативно крстарење со брод по Босфорот=25еур
- посета на Патријаршијата, Балат, Азискиот дел-Чамлиџе=20еур
- факултативна посета на Sapphire Seyir Terası=30еур
- свечена вечера во нац.Рес. Гар со програма и мени со пијалок31.12=90еур,01.01=35еур
- влезници за други културно- историски знаменитости


