САНТОРИНИ – супермодел на грчките острови, најпосебниот остров на Медитеранот, инспирацијата на Платон, рај за очите… Санторини возбудува со разнобојните карпи кои се издигаат од морето, со препознатливите бели куќички специфични за кикладската архитектура, со спектакуларните панорами, романтичните залези на сонцето, вулканските песочни плажи со бела, сива, црна и црвена боја, со Калдерата која буди мечти и ги оживува возбудливите приказни за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓал токму тука… Санторини може да се опише и со само еден збор – а тој збор е магија. Дел е од островската група Киклади, се наоѓа во Егејското море, на половина пат меѓу Атина и Крит. Пред 3.500 години, островот е погоден од разорна вулканска ерупција со титанска моќ, која предизвикала потонување на островот, оставајќи зад себе кратер со високи карпи, денес познатата Калдера, заштитниот знак на Санторини.
ЦЕНАЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 28.02.2026: 269€/ 16.680 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299€/ 18.540 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ДАМА ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.


