Откријте ја магијата на Босна и Херцеговина – каде Истокот и Западот се среќаваат, а секој чекор раскажува приказна. Прошетајте низ калдрмата на Сараево и Башчаршија со духот на минатото, восхитете се на Стариот мост во Мостар, почувствувајте го мирот во Благај и уживајте во прекрасната природа. Ве очекуваат топли луѓе, богата историја, традиционална кујна и незаборавна атмосфера. Босна и Херцеговина е идеална дестинација за викенд-патување, културен и духовен туризам. Патувајте со нас и доживејте вистинска Балканска приказна. Ограничен број на места по промо цените.
ПРОМО ЦЕНА ОД 109 ЕУ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО задолжителна резервација на еден од факултативите
Цена НА аранжманот: 139 еу по лице – без задолжителни факултативи
НАПОМЕНА!!!
* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
* Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.


