Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН 09.10 (четврток) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата кај хотел Континентал околу 17: 30 часот, тргнување околу 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН 10.10 (петок) – БУДИМПЕШТА
Планирано пристигнување во Будимпешта во утринските часови, каде следува панорамски разглед на градот: плоштадот на хероите во Пешта, кој е Величествен архитектонски комплекс изграден кон крајот на 19-от век, Парламентот кој е една од најголемите згради од овој тип на светот, а тука се наоѓа и базиликтата на Свети Стефан, Кралската палата, потоа возењето продолжува кон авениите: Андраши каде се наоѓаат раскошни палати, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Ќе се насладите на прекрасните глетки од мостовите на градот, кои се симболот на градот. Ќе имате прилика да го видиме и познатиот Лавји Мост, кој ќе не однесе во Будим. По разгледот следува сместување во хотел, се до попладневните или вечерните часови кога се упатуваме на прекрасното едночасовно крстарење со брод по реката Дунав. Ова крстарење е неизбежен дел при посетата на овој град каде ќе уживате во прекрасно осветлените градби на градот.. по крстарењето враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 11.10 (сабота) – БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Следниот ден после појадокот, следува околу тричасовна посета на престолнината на големото царство и уметноста, Виена и познатиот панорамски разглед на градот каде ќе ги видиме булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Свети Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за прошетка низ центарот на Виена и во договорено време враќање кон Будимпешта.
По стигнувањето, можност за посета на ЧАРДА, (по желба) место кое е познато по доброто расположение и стариот добар угостителски живот и како некогаш функционирале чардите. Тука ќе уживате во нивната музика, традиционалниот специјалитет гулашот и унгарските традиционални танци, каде ќе си поминете одлично и ќе ја доживеете културата на унгарскиот народ на вистински начин. Можност индивидуално со градски превоз да прошетате по улицата Ваци, која е најпознатата улица во Будимпешта, позната по кафулињата, рестораните и продавниците за шопинг.
Ноќевање
ЧЕТВРТ ДЕН 12.10 (недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СЕГЕДИН – СКОПЈЕ
По појадокот следува напуштање на хотелот и следи посета на барокниот град Сент Андреа, кое е доста живописно место, каде се негуваат народните ракотворби и старата архитектура. Изобилува со винотеки, музеи, галерии и цркви. По слободното време, се упатуваме кон градот Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Сегедин е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг. Во договорено време, поаѓање за Македонија. Пристигнувањето е предвидено во доцните ноќни или утринските часови на 13.10 (понеделник) во зависност од гужвите на граница.
ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ СИТЕ ДОЛУНАПИШАНИ НАПОМЕНИ:
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
- Нема намалување на цената за сопствен превоз
- ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
- Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
ПРОМО ЦЕНА: 149 евра со пакет факултативи 85 евра по лице
(факултативите се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на дадените дестинации,
- Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Будимпешта со локален водич – 15 евра
- Крстарење со брод по Дунав – 25 евра
- Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
- Посета на Сент Андреа -15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
- Патничко осигурување – 300 денари
- Задолжителна туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место