Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина.

Милано е глобален центар на стилот и иновацијата, познат по својата мода, дизајн и културна историја. Градот е дом на некои од најпознатите брендови во светот и е преполн со шик продавници, ресторани и кафулиња. Милано исто така ги воодушевува посетителите со своите историски знаменитости, како што е познатата „Последната вечера“ на Леонардо да Винчи и величествената катедрала Дуомо.

Со својата динамична атмосфера, Милано е совршена дестинација за љубителите на уметноста, модата и гастрономијата. Истражете го овој фасцинантен град, кој ги комбинира традицијата и современото, и уживајте во неговата уникатна елеганција!

09.10 (четврток) СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот кај хотел Континентал (во период околу 11:00-14:00ч). Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

10.10 (петок) МИЛАНО
Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Cаstle, Piazza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедралаво светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.

По разгледот од околу два часа, следува сместување во хотел. Ноќевање.

11.10 (сабота) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.
Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

12.10 (недела) МИЛАНО-ВЕРОНА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. По посетата на Верона, која трае околу три часа, групата се упатува према познатиот Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 13.10 (понеделник)

ПРОМО ЦЕНА: 169 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 70 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! (во пакетот вклучени се сите факултативни посети, освен крстарењето по Езерото Комо која се доплаќа на лице место по пристигнувањето во Комо)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околината на Милано
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково) и Велес
  • Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Милано со водич (15€)
  • Посета на Лугано и Комо (50€)
  • Посета на Сирмионе (10€) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
  • Крстарење по езерото Комо (15€) – оваа факултатива не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице по ноќевање
  • Патничко осигурување

Пакетот факултативи од 70 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе

*Факултативата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо

*Факултативната посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место